Ракомет

Пролет ги започна подготовките за пролетниот дел од Суперлигата, од клубот замина Бахар

Сподели
ФОТО: РК Пролет
Сподели

Ракометарите на Тинекс Пролет ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во Суперлигата.

Тренерот Александар Јовиќ на располагање ќе ги има речиси сите ракометари од првиот дел од сезоната, а клубот ќе биде на македонски погон односно со македонските ракометари и нивниот развој ќе биде приоритет и во наредниот период.

„Предвидено е во наредниот период екипата да тренира во Скопје, по што ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари. Единствениот кој си замина од редовите на нашиот тим зимава е тунискиот интернационалец Мохамед Рарик Бахар. Десниот бек го мина првиот дел од сезонава како позајмен играч од Вардар, но поради семејни причини реши да се врати назад во татковината. Му благодариме на Бахар за придонесот во првиот дел од сезоната и му посакуваме многу среќа во идните ангажмани“, велат од клубот.

Пролет првиот дел од сезоната го заврши на 7. место на табелата со 14 бодови и има два бода помалку од плеј-оф зоната, па во пролетниот дел целта ќе биде обезбедување на место за плеј-оф.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!