РакометСветско првенство 2025

Франција го распадна Катар на Вујовиќ, Италија по две децении со голем триумф над Тунис!

Сподели
Сподели

Италија по речиси две децении се врати на Светското првенство и тоа на убав начин, откако „аѕурите“ со 32:25 беа далеку подобри од Тунис, а победата беше најавена уште во првиот дел кога имаа предност од 17:11.

Пратнер беше најдобар кај Италијанците со 10 гола, додкеа пак кај туниската репрезентација најдобар беше Бен Абдалах со шест реализации.

Франција сигурна на стартот откако со 37:19 го распадна Катар предводен од Веселен Вујовиќ.

Покрај одличната игра на Французите пресудно за големиот пораз на Катар беа и техничките грешки кои ги имаше селекцијата на Вујовиќ.

Уште во првиот дел Франција ја заврши работата кога на полувреме резултатот беше 18:10 за фаворитот, па вториот дел Франција го започна мирно и сигурно и без многу мака дојде до победа.

Тибо Брие со седум гола беше најдобар кај Франција, а пак Франкис Карал најдобар кај Катар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!