Ракомет

Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната

Сподели
ФОТО: РК Бутел Скопје
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната со цел потврда на местото во плеј-офот. Тренерот Горан Кузманоски има на располагање 20 играчи, откако тимот го напуштија Цветковски, Бошковски и Јовевски.

Како дел од подготовките, Бутел ќе има пет пријателски натпревари пред почетокот на последните шест кола од регуларниот дел на сезоната. Тимот ќе се тестира и преку учеството на меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево, БиХ, кој ќе се одржи од 17 до 19 јануари. Во групата А, Бутел Скопје ќе се соочи со словенечкиот Марибор, домаќинот Босна и црногорскиот Рудар Плевља, а ќе одигра и уште еден меч за пласман.

По враќањето во Скопје, ракометарите ќе одиграат дополнителен пријателски натпревар против екипата на Врање на 31 јануари. Официјалниот старт на пролетниот дел од Суперлигата е закажан за 8 февруари, кога Бутел Скопје ќе гостува во Прилеп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!