Прва лигаФудбал

Јанков: Со Шкендија верувам во успех – ќе атакуваме на двојна титула и излез во Европа!

Сподели
ФОТО; KF Shkëndija
Сподели

Ристо Јанков, кој е ново засилување на Шкендија на голманската позиција, го имаше негово прво интерјву за клупскиот веб-сајт на Шкендија, а во истото вели дека ќе даде се од себе заедно со сите останати играчи за остварување на целта, а тоа е двојна титула.

„Чест и задоволство е да се биде дел од овој тим. Шкендија веќе долго време е еден од најдобрите тимови. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот колку што можам и како и секоја година да се бориме за две титули, првенство и Куп и да останеме што подолго во Европа. Можам да ветам, секако како и сите играчи, дека на секој тренинг, на секој натпревар ќе дадеме максимум за победа, за нови успеси и нормално, да ги оствариме нашите цели, освојување на Купот и титулата“, рече Јанков.

Јанков, кој има 26 години во тетовска Шкендија дојде од редовите на Тиквеш, претходно бранеше за Брегалница, Политехника Лаши, Каспиј, Работнички и Локомотива.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!