Втора лигаФудбал

Сашо Дуков и Охрид се разделија, најдобриот стрелец на охриѓани продолжува во нов клуб!

Сподели
Сподели

Искусниот Сашо Дуков и Охрид се разделија, 30-годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во нова средина, дознава Спортска Мрежа.

Дуков одигра една полусезона за Охрид, и тој е најдобиот стрелец за охриѓани со шест гола и доаѓа чудно што клубот одлучува да се раздели со нивниот најдобар стрелец кој постигна шест гола.

Дуков во Охрид приситигна од редовите на Каменица Саса, каде исто така беше најдобар стрелец и практично ги спаси „рударите“ од испаѓање, а низ својата кариера има настапувано и за Силекс, Пелистер, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, кичевски Напредок, а настапуваше и во Србија за тимот на Београд.

За Дуков веќе има интерес и неколку клубови уште денес започнува трка за обезбедување на неговиот потпис.

Охрид есенскиот дел го заврши на делба на шесттото место со Саса со по 24 бодови, а пролетниот дел го отвара дома против лидерот Македонија ЃП.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!