Втора лигаФудбал

Анџело Николовски официјално претставен во Македонија ЃП

Сподели
Сподели

Штипјанецот Анџело Николовски од денес и официјално е нов фудбалер на есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига, Македонија ЃП, тоа што го најави Спортска Мрежа се потврди.

Николовски доаѓа во редовите на „лавовите“ од Детонит Плачковица, каде настапуваше од август 2023 година и беше еден од клучните играчи на тимот. Во својата кариера, тој има играно и за Брегалница од Штип, Кит Го од Пехчево и Гостивар, носејќи значително искуство и квалитет во новиот клуб.

Македонија ЃП, како лидер на Втората лига со 38 бодови, во пролетниот дел има амбиција да го потврди првото место и да обезбеди експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига. Тимот ја започнува пролетната сезона со натпревар на гостински терен против Охрид, со пет бодови предност пред второпласираната Брегалница.

Ангажманот на Николовски се очекува дополнително да ја засили играта на тимот во клучниот дел од сезоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!