Прва лигаФудбал

Шампионот Струга Трим Лум се засили со Сенегалецот Папе Фал

Сподели
ФОТО: F.C. Struga
Сподели

Актуелниот шампион, Струга Трим Лум, продолжува со засилувањата во својот тим, со цел да ја одбрани титулата во Првата македонска фудбалска лига. Тимот и официјално го претстави сенегалскиот фудбалер Папе Фал, кој доаѓа од редовите на Лиепаја.

24-годишниот лев бек се очекува да внесе нова енергија и квалитет во тимот на Струга за успешна пролетна полусезона. Покрај него, клубот веќе го претстави Хамза Меметриза од Башкими, второлигашот кој се бори за промоција во Прва лига.

Струга подготовките ќе ги започне утре на домашен терен, а потоа заминува во Анталија, Турција, каде ќе биде одработена главната фаза од подготовките со одигрување на пријателски натпревари за темпирање на пролетната форма.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометарките на Ѓорче Петров со максимален ефект, Чаир и Металург Автокоманда израмнети, во плеј-аутот Деспина има два од два!

По осум одиграни кола во плеј-офот на ракометната Суперлига во женска конкуренција, шампионот Ѓорче Петрови има осум од осум и максимални бодови на...

Ракомет

Уште едно коло од регуларниот дел во ракометната Суперлига, потоа започнува плеј-офот и плеј-аутот

Останува уште едно коло за комплетирање на регуларниот дел на ракометната Суперлига, по што ќе започне плеј-оф сегментот каде ќе се води борба...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кои екипи се најмногу загрозени за испаѓање во Втора лига?

Борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига ќе биде голема, повеќе...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска ќе ја дели правдата натпревар во Лига на шампиони

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе суди натпревар од Лига на шампиони...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!