Прва лигаФудбал

Воска Спорт не менува име и останува во Охрид, со новиот тренер Сафет Ислер ќе се бори за опстанок!

Сподели
Сподели

Прволигашот Воска Спорт преку соопштение демантираше за тоа дека клубот ќе го менува градот, но и името. Во соопштението на клубот се вели дека Воска Спорт останува во Охрид, нема да го промени името, ниту градот каде ќе ги игра домашните натпревари.

Од клубот посочуваат дека се работи на процез на реорганизација на клупските структури.

„Сакаме да да ја информраиме јавноста и нашите навивачи дека клубот во моментов е во процес на реорганизација на раководните структури, со цел зајакнување на визијата и амбициите за иднината. Во таа насока сакаме да информираме дека клубот нема намера да го промени името, ниту гардот каде што ќе ги играме натпревари. ФК Воска Спорт со гордост останува дел од Охрид и ќе продолжи да игра во нашиот град. Исто така, најавуваме промена во стручниот штаб, Сафет Ислер е назначен за тренер на првиот тим, на местото на Сеит Крека. Подготовките за пролетната полусезона ги започнуваме на 8. јануари во Охрид. ФК Воска Спорт останува посветена на градење силен тим и достојно да го претставува градот и нашите навивачи во секој предизвик“, се вели во соопштението на охридскиот прволигаш.

Воска Спорт утре ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната во кој тимот ќе има една цел,а тоа е директен опстанок во Првата лига.

Новиот тренер, Сафет Ислер претходно беше тренер на Ван Спорт и во академијата на Бешикташ. Како што веќе информираше Спортска Мрежа, тимот досега официјално се засили со Филип Валениќ, Туре Сира и Оива Лаксонен, а се очекува во следниот период да има и други засилувања.

Воска Спорт е последна на табелата во Првата лига и ќе има неизвесна пролетната полусезона, но генерално повеќе екипи се бодовно блиску една до друга.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!