РакометРакометна репрезентација

РФМ и Владата ветуваат историски премии за ракометарите на Македонија на СП – два милиони денари!

Сподели
ФОТО: Filip Viranovski /RFM
Сподели

Македонската ракометна репрезентација ќе учествува на Светското првенство, кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, а нашата репрезентација ќе игра во Вараждин, град познат по својата љубов кон ракометот и успешните спомени за Македонија. Ракометарите, предводени од селекторот Кире Лазаров, ќе играат во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а амбициите се да ја поминат групната фаза и да се пласираат во главната рунда, каде ќе ги чекаат силни тимови како Франција, Австрија, Катар или Кувајт.

За да ги мотивираат играчите, Ракометната федерација на Македонија и Владата на Македонија најавија историски високи премии. Претседателот на Ракометната федерација, Живко Мукаетов, и премиерот Христијан Мицкоски ја потврдија наградата од еден милион денари за секоја победа на Светското првенство. Со ова, ракометарите на Македонија ќе добијат вкупно два милиони денари за секоја победа, што претставува голем поттик за успех.

Првиот натпревар на Македонија ќе биде против Унгарија на 15 јануари, потоа следува дуелот со Холандија на 17 јануари, а последниот меч во групата е против Гвинеја на 19 јануари. Светското првенство започнува на 14. јануари и ќе трае до 2. февруари, а учество ќе земат 32 репрезентации, домаќини ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!