Ракомет

Кои две екипи ќе извисат за место во плеј-офот во ракометната Суперлига?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Четири екипи веќе се сигурни патници во плеј-офот, останува само конечниот пласман, тоа се лидерот Алкалоид, Вардар, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и Охрид, остануваат уште две места, а четири екипи за истите.

Битката за последните две места во плеј-офот ќе ја водат Бутел, Тиквеш, Пролет и Прилеп. Само два бодови е разлика. Бутел и Тиквеш го делат петтото место со по 16 бодови, а пак Пролет и Прилеп го делат седмото место со по 14 бодови.

Пролетната полусезона ќе биде речиси неизвесна до последното коло од регуларниот дел, за тоа кои две екипи да разигруваат за титула и Европа, а кои да разигруваат за опстанок.

Сигурни патници во плеј-аутот се екипи на Куманово, Бисинов, Струга и Радовиш, на овие четири екипи ќе им се приклучат двете од четири екипи кои ќе извисат во трката за плеј-оф.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД РАКОМЕТНАТА СУПЕРЛИГА НА МАКЕДОНИЈА:
П Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Алкалоид Ракомет 16 15 0 1 571 398 +173 30
2 РК Еурофарм Пелистер 16 14 0 2 569 398 +171 28
3 РК Вардар 1961 16 14 0 2 517 396 +121 28
4 ГРК Охрид 16 12 1 3 521 395 +126 25
5 РК Бутел Скопје 16 8 0 8 432 426 +6 16
6 ГРК Тиквеш 2014 16 7 2 7 442 455 -13 16
7 РК Пролет 62 16 5 4 7 420 434 -14 14
8 РК Прилеп 16 6 2 8 464 516 -52 14
9 МРК Куманово 16 4 0 12 428 487 -59 8
10 РК Бисинов Фруит Ленд 16 2 2 12 410 531 -121 6
11 РК Струга 16 3 0 13 416 544 -128 6
12 РК Радовиш 16 0 1 15 352 562 -210 1

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Драчево Јуниор пресилен за Шампион, победи за Аеродром и Партизан, Преспа со пораз ја затвори 2025 година!

Екипата на Драчево Јуниор забележа висока победа во рамки на 14. коло...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!