Ракомет

РФМ на 1. март ќе добие нов претседател, познат и првиот кандидат!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

На 1. март Ракометната федерација на Македонија ќе добие нов претседател, овој датум беше потврден на денешната седница на Управниот одбор на РФМ.

Актуелниот претседател Живко Мукаетов, не може да се кандидат за трет мандат, а со тоа Ракометната федерација на Македонија ќе добие нов претседател.

Првиот човек на Бутел Скопје, Александар Стафанов, веќе денес и официјално ја поднесе својата кандидатура во трката за претседател на РФМ.

„Иако сум релативно млад, верувам дека искуството што го стекнав во ракометот, како на чело на РК Бутел така и како дел од Управниот 0дбор на Ракометната федерација на Македонија, ме подготвува за оваа одговорна задача. Со напорна работа и тимска соработка, уверен сум дека можам да придонесам за натамошен развој на нашиот спорт. Засега фокусот го насочувам на настапот на репрезентацијата на Светското првенство, а наскоро ќе споделам повеќе детали за моите планови и визија,“ изјави Стефанов.

Во јавност кружат имиња и за други можни кандидати кои ќе поднесат своја кандидатура, па очекуваме во следниот период да видиме дали ќе има и други кандидати за претседател на РФМ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Драчево Јуниор пресилен за Шампион, победи за Аеродром и Партизан, Преспа со пораз ја затвори 2025 година!

Екипата на Драчево Јуниор забележа висока победа во рамки на 14. коло...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!