Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров и Металург Автокоманда имаат по пет бода, Астибо е без бодови!

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда
Сподели

Есенската полусезона во женската ракометна Суперлига заврши, а пролетниот дел ќе стартува на 8. февруари.

Регуларниот дел од тековната сезона е комплетира и веќе започнаа натпреварите од плеј-офот, беа одиграни две кола, а натпреварите од плеј-аут сегментот ќе продолат од 8. февуари 2025 година.

Што се однесува до плеј-офот, актуелниот шампион Ѓорче Петров забележа две високи победи над Чаир од 40:27 и против Астибо од превисоки 48:17 и со тоа има пет бодови на своето конто и се наоѓа на првото место на табелата со плеј-офот.

На второто место исто така со пет бодови е Металург Автокоманда, овој тим има победа над Астибо од 21:42 во Штип и висок триумф над Вардар од 33:18.

На третото место со пораз и победа е тимот на Чаир, кој има три бодови, а пак Куманово и Вардар имаат по еден бод, додека тимот на Астибо од Штип е на дното во плеј-офот без бодови.

Во плеј-аут сегментот ќе се натпреваруваат Пелистер, Деспина и Ѓорче Петров 2 кои имаат по два бодови, Овче Поле, Стружанка и Спартак кои пренесуваат по еден бод и Шампион без бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!