Останато

Ефремов и следната сезона ќе настапува за Словенечки Чрнуче

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот сениорски репрезентативец Тоше Ефремов и во следната сезона ќе го носи дресот на словенечки Чрнуче. Екипата минатата сезона избори пласман во Суперлигата и се потруди да го задржи костурот на тимот, а меѓу оние кои ја продолжија верноста кон клубот е и Ефремов.

„Многу сум среќен што следната сезона ќе имам можност да настапувам во словенечката Суперлига. Благодарен сум на Чрнуче за довербата и за можноста што ми ја дадоа. Минатата сезона клубот ми даде голема шанса да се покажам и да стекнам важно искуство, а сега сум мотивиран да направам уште еден чекор напред. Чрнуче веќе ми е позната средина, бидејќи со дел од играчите играв и минатата сезона. Тоа ми дава дополнителна мотивација и верувам дека ќе ми помогне уште подобро да се вклопам во екипата. Свесен сум дека Суперлигата носи поголема конкуренција и посилни натпревари, но токму тоа е предизвикот што го барам. Сакам да ја оправдам довербата што ми е дадена, да дадам максимум за екипата и преку секој тренинг и натпревар да продолжам да напредувам. Горд сум што како млад македонски одбојкар имам можност да ја претставувам Македонија и надвор од нашата земја. Целта ми е да продолжам да работам, да бидам сè подобар и со моите настапи да покажам дека и македонската одбојка има млади играчи кои можат да се натпреваруваат на високо ниво. Верувам дека ме очекува одлична сезона и со нетрпение го очекувам новиот предизвик“, вели Тоше Ефремов.

За 18-годишниот Ефремов претстојната сезона ќе биде петта интернационална во неговата кариера, а втора во Словенија. Претходно младиот македонски одбојкар настапуваше во Србија за Раднички Крагуевац, како и во Хрватска за Рибола Каштела.

Ефремов потекнува од школата на Весна Пробиштип, додека во домашното првенство има настапувано и за Струмица Никоб.

Младиот одбојкар продолжува да го гради своето интернационално искуство, а новата сезона во Словенија ќе биде уште една можност за дополнителен развој и наметнување на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!