Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари повторно на европската сцена – четврто ЕП во низа!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Најдобрите македонски одбојкари по четвртипат во низа ќе бидат дел од Европското првенство. По дебито на континенталните собири во Љубљана во 2019 година, Македонија продолжи да испишува историја и обезбеди настап и на ЕП 2021 во Тампере, Финска, а потоа во 2023 година беше и ко-домаќин на континенталниот шампионат, кога во Скопје се играа натпревари од групната фаза.

Следниот предизвик за македонската репрезентација ќе биде ЕвроВолеј 2026, кој ќе се одржи од 9 до 26 септември во Италија, Бугарија, Финска и Романија.

Македонија од 9 до 17 септември ќе настапува во групата Б, чии натпревари ќе се играат во Софија. Нашата селекција за противници ќе ги има домаќинот Бугарија, светскиот вицешампион Полска, Украина, Португалија и Израел.

Интересно е што покрај Македонија, и Португалија, која е наш ривал во групната фаза, испиша идентичен успех – по четвртипат во низа обезбеди пласман на Европското првенство.

Во пресрет на ЕвроВолеј 2026, издвојуваме уште неколку интересни бројки и факти:

  • 34. издание на Европското првенство во одбојка ќе се одржи од 9 до 26 септември 2026 година, во организација на Италија, Бугарија, Финска и Романија.
  • Ова ќе биде четврто Европско првенство откако е воведен системот со повеќе организатори, кој за првпат беше применет во 2019 година.
  • 24 репрезентации, поделени во четири групи со по шест селекции, ќе играат во групната фаза од 9 до 17 септември.
  • Натпреварите од групната фаза ќе се играат во пет европски градови: група А во Наполи и Модена, Италија, група Б во Софија, Бугарија, група Ц во Тампере, Финска и група Д во Клуж, Романија.
  • Големото финале е закажано за 26 септември во „Унипол Форум“ арената во Асаго, предградие на Милано, со капацитет од 12.800 гледачи.
  • Европскиот шампион од ЕП 2026 ќе обезбеди директен пласман на Олимписките игри 2028 во Лос Анџелес.
  • Првите три репрезентации на ЕвроВолеј 2026 ќе обезбедат место на Светското првенство 2027 во Полска.
  • Првпат по ЕП 1967, четирите полуфиналисти од последното Светско првенство во 2025 година ќе настапат на исто Европско првенство. Тоа се светскиот шампион Италија, вицешампионот Бугарија, бронзената Полска и четвртопласираната Чешка.
  • Италија е последната репрезентација која успеала истовремено да биде светски и европски шампион. Италијанците го освоија Светското првенство во 1998 година, а само една година подоцна, во 1999, стигнаа и до европскиот трофеј.

За Македонија ова ќе биде нова можност за уште еден историски настап на најголемата европска одбојкарска сцена. По три последователни учества, „црвено-жолтите“ веќе имаат стекнато драгоцено искуство од големите натпреварувања, а во Софија ќе се обидат да направат уште еден чекор напред.

Пред македонските одбојкари е исклучително тешка група, но и голем предизвик. Секој освоен сет и секој бод против силната европска конкуренција ќе биде можност Македонија повторно да го покаже својот квалитет и да продолжи со континуитетот на големите натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!