Останато

Фламинго Волеј се засили со три одбојкарки Азманова, Трајкова, Славкова

Сподели
Сподели

Новата прволигашка сезона носи сериозни засилувања во редовите на Фламинго Волеј, кој во пресрет на историскиот настап во највисокиот ранг ангажираше три одбојкарки со прволигашко искуство – Мартина Азманова, Викторија Трајкова и Теона Славкова.

Азманова пристигнува од Наковски Волеј, каде долги години беше прво либеро и еден од клучните делови на тимот. Минатата сезона настапи во финалето на плеј-офот и Купот на Македонија, освојувајќи две сребрени медали. Зад себе има и настапи за сите млади репрезентативни селекции на Македонија.

На позицијата среден блокер Фламинго го засилува Викторија Трајкова, исто така од Наковски Волеј. Таа веќе има значајно прволигашко искуство, а минатата сезона освои две сребра – во првенството и Купот на Македонија. Една сезона претходно, Трајкова се закити и со куп-титулата. Била дел од кадетската и младинската репрезентација на Македонија.

Третото засилување е Теона Славкова, која ќе настапува на позицијата примач. Славкова во кариерата има настапувано за Вардар Жени, со кој во 2021 година освои сребро и во првенството и во Купот на Македонија, а прволигашко искуство има и во дресот на Работнички. Како и Азманова и Трајкова, таа има репрезентативно искуство во младинските селекции на Македонија.

Со ангажманот на трите одбојкарки, Фламинго добива дополнително искуство, квалитет и сигурност во пресрет на дебитантската сезона во Првата лига. Азманова ќе биде важна за одбраната, Трајкова за играта на мрежата, додека Славкова треба да донесе стабилност во приемот.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!