Ракомет

По убедливата победа дома, Алкалоид повторно на мегдан со Ловќен!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид вечерва го очекува ново гостување во Регионалната лига, каде што повторно ќе се соочи со Ловќен. Овојпат двата тима ќе ги одмерат силите во Цетиње, откако скопскиот состав славеше убедливо во првата меѓусебна пресметка.

Во првата меѓусебна пресметка, Алкалоид одигра одличен натпревар и убедливо го совлада Ловќен со 55-37 во Автокоманда. Скопскиот состав уште во првото полувреме ја најави високата победа, бидејќи на пауза имаше девет гола предност (29-20), а во продолжението целосно го надигра црногорскиот тим.

Избраниците на Кирил Лазаров ќе се обидат да ја продолжат добрата серија и на гостински терен, а натпреварот е закажан за 19:00 часот во Цетиње.

Средбата ќе може да се следи во живо преку YouTube каналот „Регионална ракометна лига“.

Алкалоид има нова можност за позитивен резултат во регионалното натпреварување, овојпат на теренот на Ловќен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис...

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Поврзани написи
Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!