Останато

Жетва на медали за младите македонски биатлонци на IBU Regional Cup во Делнице, Хрватска!

Сподели
Сподели

Успешен настап за македонските биатлонци на IBU Regional Summer Balkan Cup, кој викендов се одржа во Делнице, Хрватска. Македонската биатлон федерација настапи со свои натпреварувачи во повеќе возрасни категории, а нашите претставници освоија медали во категориите У21, У19 и У17 во машка конкуренција, како и во детските категории.

На денешните натпревари во дисциплината спринт на 7,5 километри, Македонија освои четири медали. Во категоријата У21, второто место му припадна на Благоја Најденоски, додека трет беше Тео Петрушу. Во У19, бронзениот медал го освои Душан Божиноски, а во категоријата У17, Александар Јорданоски стигна до второто место.

Успешен настап македонските биатлонци имаа и на вчерашните трки. Во спринтот на 7,5 километри, Тео Петрушу го освои третото место во категоријата У21, додека Душан Божиноски беше трет во У19.

Медали за Македонија имаше и во детските натпревари со ласерска пушка на 1,5 километри. Петар Николоски го освои првото место во категоријата У12, додека Јаков Трајаноски заврши на третата позиција. Во У14, Тео Стоиловски го освои петтото место.

Овие натпревари се дел од летниот IBU Balkan Regional Cup, на кој се собираат најдобрите биатлонци од балканските земји. Резултатите од натпреварите се бодуваат за IBU поени, што дополнително го зголемува значењето на постигнатите резултати.

Со оглед на силната конкуренција и учеството на претставници од сите балкански држави, освоените медали претставуваат значаен успех за македонскиот биатлон и потврда дека младите македонски натпреварувачи се движат во вистинска насока.

Селекторот Ѓоко Динески очекува позитивниот тренд да продолжи и на следните натпревари, со уште подобри резултати и обезбедување пласман на повисоките нивоа на светските натпревари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!