Останато

Марко Алексовски испиша историја: Најмлад македонски победник на ИТФ турнирот во Скопје

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Уште еден голем успех за македонскиот тенис. Само на 15 години, Марко Алексовски го освои Tennispark Pointer Open 2026 J30 Скопје и стана најмладиот македонски тенисер со титула на ИТФ турнир во конкуренција до 18 години.

Алексовски во финалето беше убедлив против Сергеј Артемев, кого го совлада со 2-0 во сетови (6-2, 6-3), крунисувајќи ја одличната недела со шест победи – три во групната фаза и три во нокаут-фазата.

Најголема борба имаше уште на стартот, кога по голема драма го совлада Британецот Лиан Шејкли со 2-1 (7-6/2, 4-6, 10-3). Потоа следуваа убедливи победи над Матвеј Лиамин (6-2, 6-1) и Бугаринот Никола Божилов (6-2, 6-4).

Во четвртфиналето Алексовски го елиминираше Добромир Манолоф од Бугарија со 6-3, 4-0, додека во полуфиналето беше подобар од Романецот Алберт Иван со 6-3, 6-3.

За младиот македонски тенисер ова е прва ИТФ титула во конкуренција до 18 години, по одличните настапи во изминатиот период. Претходниот месец Алексовски играше финале на турнир во Солун, а стигна и до полуфиналето во Софија.

Одличен настап на турнирот имаше и Ерион Незири, кој стигна до полуфиналето во поединечна конкуренција кај момчињата.

Во конкуренција на двојки, Мила Јовановски и Романката Марија Бозу стигнаа до финалето, каде што по голема борба загубија од Барбара Бидзила од Чешка и Лиор Ивевц од Израел со 1-2 (6-1, 4-6, 8-10).

Кај девојчињата, титулата во поединечна конкуренција ја освои Американката со македонско потекло Софија Димитријевиќ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!