Прва лигаФудбал

Исени: Веруваме дека можеме до првите три бода, и да ја прекинеме црната серија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Башкими ја очекува нова можност за прва победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Во рамките на 5. коло, кумановскиот тим на домашен терен ќе ја пречека Шкендија Арачиново, која досега освои четири бода во својата дебитантска сезона во елитата, со една победа и едно реми.

Домаќините влегуваат во натпреварот со јасна цел – конечно да стават крај на лошиот старт на сезоната и да го освојат првиот бодовен плен. Башкими по првите четири кола е без освоен бод, а дополнителна причина за загриженост е фактот што тимот сè уште нема постигнато ниту еден гол, додека противниците дури 15 пати ја тресеа неговата мрежа.

Шкендија Арачиново, пак, ќе се обиде да ја продолжи борбата за позитивни резултати и да се врати на бодовите по поразот од Арсими во минатото коло.

„Нè очекува исклучително важен натпревар против Шкендија Арачиново. По лошиот почеток, се надеваме дека ќе им се вратиме на победи за да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Билал Исени.

Фудбалерите на Башкими се свесни дека пред себе имаат сериозен предизвик.

„Играме против исклучително добро организиран противник, па затоа пред нас е тежок дуел. Сепак, веруваме дека можеме да стигнеме до првите три бода, да ја прекинеме црната серија и да ја израдуваме нашата публика“, додаде Исени.

Во единствениот меѓусебен дуел досега во  пријателски меч одигран на 25 јануари минатата година, победата ѝ припадна на екипата на Шкендија со резултат 2-0.

Натпреварот меѓу Башкими и Шкендија Арачиново се игра на стадионот во Куманово со почеток во 16:30 часот, а главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!