Прва лигаФудбал

Шкендија незапирлива во ПМФЛ: пет од пет и 15 бодови по победата над Силекс!

Сподели
Сподели

Шкендија продолжува да гази во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Тетовскиот тим ја запиша и петтата победа во низа, откако на гостувањето во Кратово го совлада Силекс со 0-2 и остана со максимален учинок по пет одиграни кола.

По почетните 45 минути без погодоци, гостите во продолжението успеаја да ја материјализираат подобрата игра и да го скршат отпорот на кратовчани.

Силекс добро се бранеше во првиот дел и се обидуваше преку брзи контранапади да го загрози голот на Шкендија. Џеков во неколку наврати беше на висината на задачата, додека гостите имаа и погодок кој беше поништен поради офсајд по интервенцијата на ВАР-собата.

Клучниот момент дојде во 53. минута. Бесарт Ибраими изведе прекин и испрати одлична топка во опасната зона, каде што најдобро реагираше Мелиќи, кој со удар со глава го совлада Џеков за 0-1.

По примениот гол, Силекс се обиде да возврати и во еден период сериозно го притисна противникот. Анѓелески и Шеро имаа свои можности, но голманот Рамани и дефанзивната линија на Шкендија успешно ги одбиваа налетите на домаќинот.

Како што се наближуваше крајот, Силекс мораше да ризикува и да тргне по израмнување, а токму тоа му остави простор на лидерот за контранапад.

Во 88. минута, Зејнулаи одлично го проигра Фахд Ндзенгуе, кој се најде во идеална позиција и рутински ја погоди мрежата за 0-2, ставајќи точка на натпреварот.

Со новиот триумф, Шкендија има максимални 15 бодови од првите пет кола и продолжува да го држи врвот на табелата со перфектен учинок.

За Силекс ова е ново разочарување, и покрај добриот отпор во најголемиот дел од натпреварот. Кратовчани остануваат на седум бодови по пет одиграни натпревари.

Пет мечеви – пет победи. Шкендија испраќа јасна порака дека и оваа сезона ќе биде сериозен кандидат за врвот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите ракометни соочувања во земјата на добро познатата судиска двојка Димитар Митревски...

Ракомет

Гогов пред дербито со Пелистер: „Се надевам дека заедно со навивачите ќе се радуваме на нова победа“

Вардар и Еурофарм Пелистер во недела ќе ги одмерат силите во дербито од деветтото коло во Супер машката лига. За скопскиот состав, дуелот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени...

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!