ИнтернационалциФудбалФутсал

Утре е последниот европски предизвик за Проект во Грац: Дуел со шампионот на Израел

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект денеска немаше натпревар во претквалификациската група А од Лигата на шампионите, но денот беше искористен за подготовка на последниот и исклучително важен дуел во Грац.

Во таборот на македонскиот шампион беше одржана видео анализа, на која стручниот штаб со играчите ги разгледуваше досегашните натпревари, грешките, добрите моменти и деталите кои треба да се применат во последниот меч.

Атмосферата во екипата е одлична и позитивна, а фокусот е целосно насочен кон утрешниот натпревар против шампионот на Израел – Макаби Нетанја.

За најголем дел од фудбалерите на Проект, настапот во Грац е воедно и деби во Лигата на шампионите. Самото учество на европската сцена претставува огромно искуство за македонските футсалисти, кои имаат можност да се соочат со шампиони од различни европски земји и да го почувствуваат нивото на најелитното клупско натпреварување.

И веќе има играчи кои се запишаа во историјата на клубот.



Марио Благојевски и Горан Стојанов се запишаа како стрелци на Проект во ова издание од Лигата на шампионите, за нив овие се први мечеви во елитното европско натпреварување додека Иван Крстевски – Змија, кој веќе има искуство во Лигата на шампиони погоди во фантастичниот пресврт против словенечкиот шампион Врхника.

Токму тој натпревар покажа дека Проект може да игра рамноправно со европски шампиони. Македонскиот тим губеше со 1:2, но со головите на Стојанов и Крстевски направи пресврт до 3:2, пред Врхника во самиот финиш да израмни на 3:3.

  • Следува последниот предизвик

🇮🇱 Макаби Нетанја – Проект 🇲🇰

📅 29 август

🕠 17:30 часот

🏟️ Bluebox Arena, Грац

Пред Проект е уште еден голем европски тест, а македонскиот шампион во позитивна атмосфера го очекува последниот натпревар од групата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!