Ракомет

Охрид со двојна европска пресметка пред своите навивачи: еве кога Драгунас Клаипеда доаѓа во Охрид

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид ќе има двојна можност пред домашната публика да го продолжи патот кон одбрана на европската круна. Двата натпревари од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп против литванскиот Драгунас Клаипеда ќе се одиграат во Охрид, на 21 и 22 ноември, со почеток во 18:00 часот.

Наместо гостување во Литванија и потоа реванш во Македонија, „гладијаторите“ ќе ги одиграат двата дуела на домашен терен. Тоа им дава можност пред своите навивачи да ја завршат работата во оваа рунда и да направат нов чекор кон осминафиналето на натпреварувањето.

Драгунас Клаипеда е следниот предизвик за актуелниот освојувач на трофејот, откако литванскиот тим во претходната рунда го елиминираше чешкиот Робе Жубри со две победи. Сега го очекува двомеч во Охрид против тимот на Борис Ројевиќ, кој ќе сака да ја искористи домашната предност и да продолжи со успешните европски настапи.

ФОТО: ГРК Охрид

Двата натпревари ќе се играат во „Билјанини Извори“ на 21 и 22 ноември, со почеток во 18:00 часот. Охрид ќе има две последователни вечери за европски ракомет, а поддршката од трибините може да биде важен фактор во обидот „гладијаторите“ да обезбедат место во следната фаза.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Тромеѓа се откажува од Третата лига регион 2: Клубот по седум кола донесе одлука за повлекување од натпреварувањето!

Фудбалскиот клуб Победа од Тромеѓа донесе одлука да се повлече од понатамошното натпреварување во Третата македонска фудбалска лига – регион 2. Одлуката е...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени сликата на врвот. Шкендија влегува како лидер со 24 бода, но...

Поврзани написи
Ракомет

Карапалевски предупреди пред гостувањето во Куманово: „Сакаме да ја завршиме серијата на најдобар можен начин!“

Ракометарите на ГРК Охрид ги продолжуваат обврските во Супер лигата со гостување...

Ракомет

Вардар со борбено реми против Мелсунген ја затвори европската приказна во Лигата на шампионите

Двократниот европски шампион Вардар 1961 со реми од 26-26 против германскиот Мелсунген...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја...

Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!