Останато

Милијана Релиќ освои бронза на Светското првенство за жени во Кина!

Сподели
ФОТО: Таеквондо федерација
Сподели

Македонската таеквондистка Милијана Релиќ освои бронзен медал на Светското првенство за жени, кое се одржува во Кина. Релиќ оствари одличен настап во сениорската категорија до 62 килограми, забележувајќи три значајни победи над квалитетни противнички.

Македонката во првото коло беше слободна, а во нокаут-фазата стартуваше со победа од 2:0 против домашната претставничка Санг Џијао од Кина.

Во осминафиналето, Релиќ одигра уште еден тежок меч и со 2:1 ја совлада Уктамјонова Мохидил од Узбекистан, со што обезбеди пласман во четвртфиналето.

Таму следуваше нов голем предизвик, но Релиќ повторно покажа карактер и со 2:1 славеше против Ванг Веи Чиа од Тајпеј. Со оваа победа македонската таеквондистка обезбеди место на подиумот и бронзен медал на светскиот шампионат.

Во полуфиналето Релиќ се сретна со Софија Мотлок од Русија. По голема борба, русинката славеше со 2:1, па Релиќ го заврши настапот со бронзен медал од Светското првенство во Кина.

Ова е голем успех за македонскиот таеквондо спорт и уште еден доказ за квалитетот на Милијана Релиќ на најголемата светска сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Мајдоуб пред Тиквеш: Навивачите се нашиот клуч за победа и ќе се бориме да ги израдуваме

В недела во салата „Млаз“ ќе се одигра натпреварот од 9. коло на Суперлигата меѓу Младост и Тиквеш, а во рамките на истото...

Ракомет

Вардар за три бода предност, Еурофарм Пелистер за преземање на врвот: Дерби меѓу два непоразени ривали

Вардар и Еурофарм Пелистер во недела, на 1 ноември, ќе се соочат во првото меѓусебно првенствено дерби сезонава, со само еден бод разлика...

Поврзани написи
Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...

Останато

Ѓорческа елиминирана од ИТФ W50 турнирот во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во...

Останато

Орион Старс го победи Штип УГД, македонскиот шампион освои два сета во „Џексон“

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД загуби од холандскиот првак Орион Старс со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!