Останато

Викендов Иџе ја стартува новата сезоната со нов болид и моќна машина Nova Proto NP01!

Сподели
ФОТО: Игор Стефановски - Иџе
Сподели

Нашиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, викендов ја отвора новата сезона во Словенија, а на првата трка ќе настапи со својот нов болид.

Стефановски годинава ќе се натпреварува во најбрзата и најпрестижната категорија на Европскиот шампионат – Категорија 2, која е наменета за болиди и прототипи и во која настапуваат најмоќните машини специјално конструирани за ридски патеки.

За Иџе ова ќе биде историска сезона, бидејќи за првпат ќе се натпреварува со својот нов Nova Proto NP01, ултрамоќен прототип со врвна технологија и перформанси кои во голема мера потсетуваат на болидите од Формула 1.

„Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почуствувам новите перформанси на новата машина. Затоа и одлучив да се тркам на оваа трка во   во Илирска Бистрица – Словенија. “ – вели Иџе.

Македонскиот автомобилист со новата машина влегува со големи амбиции во сезоната и ќе се обиде повторно да биде меѓу најдобрите во европската конкуренција.

Првата трка во Словенија ќе биде вистински тест за Иџе и неговиот нов прототип, но и почеток на ново поглавје во неговата успешна кариера.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и во новата сезона останува силна поддршка за нашиот најдобар автомобилист.  Од тимот веруваат во неговите квалитети, искуство и потенцијал и очекуваат нови големи резултати на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар каде што младите спортски надежи ќе имаат можност да го покажат...

Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките екипи. Охрид гостува кај последнопласираниот Шкупи, Пелистер го пречекува Детонит Плачковица,...

Поврзани написи
Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...

Останато

Ѓорческа елиминирана од ИТФ W50 турнирот во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во...

Останато

Орион Старс го победи Штип УГД, македонскиот шампион освои два сета во „Џексон“

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД загуби од холандскиот првак Орион Старс со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!