Кошарка

Овче Поле ги промовира Масевски, Ангелковски и Нановски: Нови сили во Свети Николе за напад на Суперлигата

Сподели
Сподели

Кошаркарскиот клуб Овче Поле од Свети Николе официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска кошаркарска лига, а тимот веќе го засилува ростерот со три нови имиња.

По одличната мината сезона, во која Овче Поле беше сериозен конкурент за пласман во Суперлигата, амбициите во Свети Николе остануваат високи. Клубот најавува тим кој ќе се бори за самиот врв на Првата лига и место во македонската кошаркарска елита.

Првото засилување е Никола Масевски, кој пристигнува од редовите на ФМП Струмица. Масевски во кариерата настапувал и за Водно Санс, Баскет Кам и МЗТ Скопје, а сега ќе го облече зелено-жолтиот дрес.

Во Свети Николе се враќа и добро познато лице. Борјан Ангелковски повторно ќе биде дел од Овче Поле, откако минатата сезона настапуваше за Соколи Штип. Ангелковски пред две години ги бранеше боите на тимот и добро ја познава атмосферата во клубот. Станува збор за кошаркар висок 201 сантиметар, кој може да ги покрива позициите 4 и 5.

Третото ново име е Теодор Нановски, млад и талентиран бек од Скопје, кој зад себе има богато кошаркарско искуство и одлична сезона во Литванија. Својот кошаркарски пат го започнал во ФМП Академија, а настапувал и за Водњански Лисици и Работнички.

Нановски во Овче Поле пристигнува со одличен напаѓачки потенцијал, зрелост во играта и голема желба за понатамошен развој.

Трите засилувања се дел од планот на клубот да создаде конкурентен состав кој ќе може да се вмеша во борбата за висок пласман.

Овче Поле минатата сезона покажа дека има квалитет за сериозна борба за Суперлигата, а сега со новите имиња и амбициите кои растат, тимот од Свети Николе влегува во новата сезона со јасна цел – пласман во кошаркарската елита.



А покрај тимот на теренот, од клубот повторно ја очекуваат и големата поддршка од трибините, каде навивачката група „Овчари“ минатата сезона создаваше одлична атмосфера и беше вистинскиот „шести играч“ на Овче Поле.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!