Прва лигаФудбал

Нзенгуе: Одиме по триумф, да продолжиме со победнички ритам!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Шкендија сака да продолжи во победнички ритам и да ја задржи максималната серија во домашниот шампионат. Тетовци се единствениот тим со четири победи од исто толку одиграни натпревари, а во петтото коло ги очекува незгодно гостување во Кратово.

Противник ќе биде Силекс, кој на домашен терен ќе се обиде да му зададе прв удар на актуелниот лидер и да го сопре налетот на „црвено-црните“.

„Секако дека мора да продолжиме во овој ритам. Не се покажавме во право светло во Конференциската лига, па затоа целиот тим е гладен за успеси. Сакаме победа на секој натпревар и посакуваме да ја завериме шампионската титула уште пред крајот на првенството. Ова е само почеток и верувам дека пред нас е исклучително успешна сезона“, истакна Нзенгуе.

Напаѓачот игра во одлична форма и веќе постигна 3 гола на првите 4 натпревари од новата сезона, додека Шкендија суверено е на чело на табелата со максимални 12 бода. Офанзивецот посакува континуитет на перфектниот старт во ПМФЛ.

„Пред сè, ја сакаме победата. Неопходни ни се сите три бода и верувам дека нè очекува квалитетен натпревар. Имам целосна доверба во соиграчите и во стручниот штаб. Одиме по триумф, тоа е единственото нешто што ме интересира – да победиме и да продолжиме по истиот пат. Се разбира, успехот на тимот е на прво место. Дури и да не се запишам во стрелците, најважно е екипата да слави. Тимот е секогаш пред секој поединец“, заклучи Нзенгуе.

Инаку, ова ќе биде јубилејна 50-та меѓусебна пресметка меѓу овие два ривала. Во досегашните 49 дуели, Шкендија е поуспешна со 33 победи, Силекс триумфирал на 5 меча, додека 11 средби завршиле без победник. Натпреварот меѓу Силекс и Шкендија се игра денес со почеток од 16:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!