Прва лигаФудбал

Иван Николов се врати во својот матичен клуб- Брегалница!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

И официјално, Иван Николов повторно е дел од својот матичен клуб Брегалница. 24-годишниот играч за врска се враќа во Штип по период во кој настапуваше за Академија Пандев и Вардар, а стекна и интернационално искуство.

Николов во својата кариера беше дел од данскиот Сондерјиске, како и од Радник Бјелина од Босна и Херцеговина.

Сега следува нова страница во кариерата на младиот фудбалер, кој повторно ќе го носи дресот на клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.

Неговото враќање претставува дополнително засилување за Брегалница, која во новата сезона има амбиции за што подобар пласман и враќање на клубот на патеките на старите успеси.

Тој своето деби ќе го има во петок на гостински терен против Струга Трим Лум со почеток од 17:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Орион Старс го победи Штип УГД, македонскиот шампион освои два сета во „Џексон“

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД загуби од холандскиот првак Орион Старс со 2:3 во сетови во реванш-натпреварот од ЦЕВ Лигата на шампионите. За...

Ракомет

Вардар со борбено реми против Мелсунген ја затвори европската приказна во Лигата на шампионите

Двократниот европски шампион Вардар 1961 со реми од 26-26 против германскиот Мелсунген го заврши настапот во Лигата на шампионите за оваа сезона. „Црвено-црните“...

Поврзани написи
КупФудбал

Силекс убедлив во Битола против Пелистер, бранителот на трофејот продолжува во четвртфиналето!

Бранителот на титулата во Купот на Македонија, Силекс, забележа убедлива победа од...

КупФудбал

Пеналите кобни за Брегалница, Тиквеш го исфрли Вардар, Работнички преку Богданоски ја доби Саса

Познати се седум четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако денес беа одиграни...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера Струмица поразена од Хофенхајм со три гола, македонскиот тим заслужи гол!

Македонскиот шампион Брера Струмица загуби од Хофенхајм со 0:3 на првиот меч...

ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица против Хофенхајм за продолжување на европската младинска авантура

Македонскиот младински шампион Брера Струмица денеска го очекува нов голем предизвик на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!