Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната лига, а по успешниот старт против Партизан, битолчани повторно ќе играат пред својата публика. Во салата „Боро Чурлевски“ гостува црногорскиот шампион Ловќен, а почетокот на натпреварот е закажан за 18:00 часот.

Пелистерци ја отворија сезоната со победа над Партизан од 35-31 во натпревар одигран пред полни трибини. Избраниците на Лино Червар одиграа сигурно и заслужено стигнаа до првите бодови, а особено се истакна капитенот Филип Кузмановски.

Македонскиот репрезентативец беше главниот предводник на нападот со дури 15 погодоци, а дополнително запиша и девет асистенции. Никола Граховац и Ник Хенигман постигнаа по четири гола, додека кај Партизан најдобар стрелец беше Тобијас Вагнер со десет погодоци.

Червар на премиерниот натпревар не ги искористи сите расположливи адути, па останува да се види со каков состав и пристап ќе влезе во вечерашниот дуел со Ловќен.

Целта на битолчани е јасна – со нова победа пред домашната публика да го продолжат успешниот почеток во регионалното натпреварување.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации, а Гоце Седлоски го одреди составот со кој ќе се обиде...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!