Втора женска фудбалска лигаФудбал

Менада испрати две силни пораки: Петровска и Хусеин се засилувања со шампионско искуство!

Сподели
Сподели

ЖФК Менада од Тетово продолжува амбициозно да го гради тимот за својата дебитантска сезона во Втората женска фудбалска лига, со јасна цел – веднаш да атакува на историски пласман во Првата лига.

Тетовскиот клуб промовираше две искусни и добро познати имиња во македонскиот женски фудбал – Елена Петровска и Сара Хусеин, кои со своето искуство треба да бидат меѓу главните носители на тимот.

Петровска, позната и по прекарот Ецка, има 28 години и во Менада пристигнува од редовите на Каменица Саса. Во кариерата настапувала и за Љуботен, Скопје, Истатов, Младост Иднина и Единство, клубот од кој ја започнала кариерата.

Зад себе има повеќе од 30 репрезентативни настапи, како и околу десет освоени првенствени и куп-титули. Петровска своевремено беше долгогодишен капитен на ЖФК Скопје и беше меѓу носителите на првите шампионски титули на Љуботен.

Искусната фудбалерка има и повеќе од десет настапи во Лигата на шампионите, а нејзината фудбалска интелигенција и можноста да покрива повеќе позиции ја прават вистински универзалец во составот на Менада.

Втората голема новост е ангажманот на Сара Хусеин. 27-годишната фудбалерка во Тетово пристигнува од Љуботен, а во досегашната кариера настапувала и за Истатов, Каменица Саса, Скопје и Топ Гол, клубот од каде што ги направи првите фудбалски чекори.

Хусеин е дел од генерацијата македонски репрезентативки со 20 и повеќе настапи за националниот тим, а зад себе има и бројни освоени титули во првенството и Купот на Македонија. Позната како креативна и луцидна фудбалерка на позицијата „десетка“, треба да биде важен дел од офанзивната игра на Менада.

Со двете искусни засилувања, тетовскиот клуб добива сериозна доза на квалитет, искуство и победнички менталитет. Петровска и Хусеин треба да бидат меѓу фудбалерките околу кои ќе се гради тимот што ќе се обиде уште во дебитантската сезона да испише историја и да обезбеди место во Првата женска фудбалска лига.

Менада очигледно не сака само да биде учесник во Втората лига – амбициите се многу поголеми, а најавите за нови засилувања дополнително го потврдуваат тоа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!