Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов УС Опен. Таа во првото коло од квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години и моментално е рангирана на 171. место на ВТА-листата.

Ривалката на Ѓорческа најдобриот пласман во кариерата го имала на 5 август 2024 година, кога се наоѓала на 105. место на ВТА-листата.

Мечот меѓу Ѓорческа и Хонтама е втор според денешната програма на теренот број 16. Првиот натпревар на овој терен е закажан за 17:00 часот, па македонската тенисерка на теренот ќе излезе по неговото завршување.

Ѓорческа е дел од квалификацискиот турнир во Њујорк, каде што ќе се обиде да обезбеди пласман во главниот дел од последниот гренд слем турнир во сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

Поврзани написи
Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен...

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!