Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со втор пораз во Таранто, Косово славеше со 1:3

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Медитеранските игри во Таранто. По неуспехот против Турција на стартот, избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ загубија и од Косово со 1:3 (28:30, 17:25, 25:19, 16:25) во второто коло од групната фаза.

Македонија имаше добри моменти, но големите осцилации во играта, проблемите со приемот и одбраната во поле, како и недоволно ефикасниот блок, повторно беа пресудни. Ова е трет пораз на Македонија од Косово во летниот период, а интересен е податокот дека и трите натпревари завршија со идентични 1:3.

Првиот сет беше најнеизвесен и донесе голема борба до самиот крај. Македонија имаше предност од 10:8, но Косово успеа да израмни и подоцна да поведе со 11:14. Нашата репрезентација возврати со серија и стигна до 21:20, но противникот повторно ја презеде иницијативата. Во драматичната завршница Македонија спаси неколку сет-топки, но по една неискористена можност за освојување на сетот, Косово славеше со 28:30.

Вториот сет започна лошо за Македонија, која дозволи Косово да поведе со 1:5. Успеавме да се вратиме на 6:6, но потоа повторно следуваше пад во играта. Приемот не функционираше најдобро, а недостасуваше и вистинска реакција на мрежата, што гостинките го искористија за да стигнат до убедлива предност. Косово го освои сетот со 17:25 и поведе со 0:2.

Македонија сепак покажа карактер во третиот сет. По почетниот негатива, приемот беше стабилизиран, а со тоа се подобри и играта во нападот. Милевска и Ковачевиќ, со поддршка од Атанасова и Стојкоска, ја однесоа Македонија до убедливо водство од 12:6. Иако Косово успеа да намали на 15:12, нашите одбојкарки повторно ја зголемија разликата и со 25:19 намалија на 1:2 во сетови.

Наместо целосен пресврт, четвртиот сет донесе нов пад. Македонија беше рамноправна само во почетните минути, по што Косово ја презеде контролата. Големиот број грешки и слабата реализација во нападот не дозволија Македонија да се врати во мечот. Косово го доби сетот со 16:25 и со тоа ја запиша победата од 1:3.

Најефикасна во македонскиот состав беше Андротеа Милевска со 20 поени. Љиља Ковачевиќ постигна 15, Тамара Атанасова 10, додека Ива Стојкоска заврши со девет поени.

Македонија следниот натпревар на Медитеранските игри во Таранто го игра в среда од 19:00 часот против селекцијата на Грција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!