Фудбалската репрезентација на Македонија за 2024 година останува на 67. место на најновата ФИФА ранг-листа, без промени во однос на претходната објавена листа од ноември.
Пред Македонија на ранг-листата е Албанија, која се наоѓа на 65. место, додека најдобро рангираната балканска репрезентација е Хрватска на 13. место. Србија е на 32. место, а Словенија останува на 55. место.
Репрезентациите со полоша позиција од Македонија се Црна Гора (73. место), Босна и Херцеговина (74. место), а Бугарија е на 82. место. Репрезентацијата на Косово се наоѓа на 99. место.
Во првите десет тимови нема промени. Аргентина ја задржува првата позиција, следена од Франција на второ место, Шпанија на трето, Англија на четврто и Бразил на петто. Португалија е на шестото место, Холандија на седмото, Белгија на осмото, Италија на деветтото и Германија на десеттото.
Македонија ќе се натпреварува во квалификациите за Светското првенство 2026 во група со Белгија (осмо место), Велс (29. место), Казахстан (110. место) и Лихтенштајн (204. место). Белгија и Велс се подобро рангирани од Македонија.