Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Кирил Лазаров го објави списокот со повикани ракометари за СП

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазров, го објави списокот на ракометари за подготовките и настапат на Светското првенство 2025 година, кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

На списокот се наоѓаат голманите Никола Митревски, Марко Кизиќ и Иван Галевски. Левите крила Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов, а десните крила Никола Костески и Александар Петковски. На позицијата десни бекови ќе бидат Мартин Серафимов, Мартин Велковски и Томислав Јагуриноски, додека леви бекови ќе бидат Филип Кузмановски и Павле Атанасијевиќ.

Средни бекови се Марко Митев и Игор Ѓоргиев, а пикери ќе бидат Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ и Валентин Карасманакис. За дефанзивци се повикани Никола Маркоски и Михајло Младеновиќ.

Како резерви, селекторот ги повика голманот Мартин Тимовски, лево крило Цветан Кузманоски, десно крило Никола Костески, пикерот Самоил Ристески, левиот бек Емилијан Ѓорговски, десниот бек Филип Николов, среден бек Марио Танковски и дефанзивец Миахил Аларов.

Собирот за подготовки е закажан за 22 декември во 07:30 часот.

Македонија е дел од групата Д, каде ќе се натпреварува против селекциите на Гвинеја, Холандија и Унгарија. Сите натпревари ќе се играат во Вараждин, Хрватска.

Првиот натпревар Македонија го игра на 15 јануари против Унгарија во 20:30 часот, потоа на 17 јануари ќе се соочи со Холандија во 18:00 часот, а на 19 јануари ќе ја заврши групната фаза со натпревар против Гвинеја, кој е закажан за 20:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!