Турнири

Многу голови и убедливи победи синоќа, вечерва нови пресметки на турнирот во Дебреште

Сподели
Сподели

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско Дебреште продолжува со нови возбудувања.

По пет одиграни натпревари во синоќешната програма, вечерва следуваат уште четири интересни пресметки во рамки на турнирот.

Синоќешната вечер донесе ефикасен мал фудбал и вкупно 23 погодоци. Могила со 5-2 славеше над Бел Бор Еџо, а потоа беше уште поубедлива и против Б.У, совладувајќи го со 6-1.

Во останатите натпревари, Фасада Цајник со 2-1 беше подобра од Евро Анче Пласница, додека во драматичен дуел одигра 2-2 со Пилана Жарко, која по изведувањето пенали славеше со 1-0. Во последниот меч од синоќешната програма, Пилана Жарко со убедливи 4-0 ја совлада Евро Анче Пласница.

Вечерва програмата стартува од 19:30 часот, кога Саздево ќе се соочи со Еко Бау Зитоше. Половина час подоцна, од 20:00 часот, следува дуелот меѓу Пилана Жарко и Мега Маркет Јасарови.

Од 20:30 часот на терен ќе истрчаат Чернилиште и АТЦ АММО Самоков, додека вечерта ќе биде затворена со натпреварот Дунаф Голд – Пикси Бојс, кој е закажан за 21:00 часот.

Турнирот и годинава го собира вниманието на љубителите на малиот фудбал од Дебреште и околината, а натпреварите носат одлична атмосфера, голем број голови и неизвесни пресметки.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, со што продолжува поддршката за овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!