Кошарка

Лука Савичевиќ е ново засилување на КК Пелистер

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

24-годишниот Лука Савичевиќ во новата сезона ќе го носи дресот на битолскиот клуб. Савичевиќ пристигнува од Феникс 2010, каде што настапуваше откако претходно беше дел од Шпанската кошаркарска академија (СБА).

Станува збор за кошаркар со искуство стекнато и во американската колеџ-лига НЦАА, каде што настапуваше за тимовите на Источен Мичиген и Лафајет колеџ. Токму настапите во САД му овозможија да се стекне со значајно искуство и да ја почувствува специфичната американска колеџ-кошарка.

Савичевиќ потекнува од македонската кошаркарска средина, а во досегашната кариера бил дел и од МЗТ Скопје. Тој е редовен член и важен играч во младинските репрезентативни селекции на Македонија, каде што во изминатиот период имаше значајна улога.

Со ангажманот на Савичевиќ, битолскиот тим добива млад и перспективен кошаркар, кој зад себе има интернационално и репрезентативно искуство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема...

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

Гордон е прв стрелец, Мицева царува под кошевите, Адамовска најдобар асистент – кои кошаркарки доминираат во женската Прва лига?

По три одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, индивидуалната...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!