Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Сакаме да завршиме како трети во групата, и пред нашата публика да прикажеме брза и атрактивна кошарка

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по големата победа над Швајцарија на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите избраници покажале карактер и одлична реакција во вториот дел од натпреварот.

„Првите два напади беа токму онака како што сакавме. Потоа се случи нешто што за мене беше несфатливо – не го следевме тоа што го договоривме. Швајцарија погоди седум тројки во првата четвртина и десет за едно полувреме, нешто што досега немаше направено на овој турнир. Ние, пак, немавме вистински ритам во првата четвртина. Бевме доста пасивни во одбраната.

Сепак, направивме добра реакција во втората четвртина. На полувремето им кажавме на играчите да веруваат во себе и во нашиот план. Тоа беше пресингот по целиот терен. Имавме одличен импакт од клупата и голема енергија од играчите кои влегоа во игра, особено во одбраната. Потоа почнавме да ги погодуваме шутевите, а тоа е нашата игра – брза кошарка и реакција веднаш по примен кош“, вели Стојановски.

Македонија сега има биланс од 2-2 и се наоѓа на третото место во групата „Б“. Денес, нашите кадети ќе играат против Украина, која исто така има две победи и два порази.

„Сега е многу важно играчите да се одморат и добро да се подготвиме за Украина. Тоа е селекција која носи доста физички силни играчи, но ние ќе бидеме подготвени. Сакаме да завршиме како трети во групата и пред нашата публика да прикажеме брза и атрактивна кошарка. Денеска публиката многу ни помогна и сакам да ѝ се заблагодарам за тоа“, порача селекторот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!