ФудбалФутсал

„Змија“ се врати во Проект: Шампионот го претстави Иван Крстевски

Сподели
Сподели



Македонскиот футсал шампион Проект се засили со капитенот на македонската футсал репрезентација Иван Крстевски, популарниот „змија“ се враќа во тимот од Јосифово.

34-годишниот Крстевски во Проект доаѓа од редовите на Бутел, низ неговата кариера настапуваше за Форца, Велес и Железарец, а меѓународна кариера градеше во Србија каде настапуваше за Врање, како и во Црна Гора носејќи го дресот на Титоград Подгорица.

За „змија“ ова ќе биде трето враќање во тимот од Јосифово, откако претходно дресот на Проект го носеше во период од октомври 2020 до август 2022 година, а вториот пат од февруари 2023 до јули 2023 година, а сега ова ќе значи негово трето враќање.

Искусниот футсал лига беше дел од генерацијата која ја освои првата шампионска титула во сезона 2020/2021.



Крстевски зад себе голем број на настапи за репрезентацијата на Македонија како и во УЕФА Футсал Лигата на шампиони и се очекува да биде главен адут за тренерот Игор Димов во натпреварите од прелиминарната рунда во Австрија во период од 26 до 29 август.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со висока победа против Истатов, Панеска беше стрелец на пет гола

Тиверија Брера експресно се врати на победничките патеки, откако на домашен терен...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Нова победа на амбициозниот Илинден, триумф над Башкими Љуботен

Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува да нижи победи, но и да ги полни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!