Ракомет

Вардар го декласира Охрид во „Јане Сандански“ и продолжи со перфектен ритам

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар ја продолжи победничката серија во Суперлигата, откако во петтото коло убедливо го совлада Охрид со 27-18 во „Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ уште во првиот дел покажаа дека нема да дозволат неизвесност. Охрид успеваше да парира само во воведните минути, а потоа нападот на гостите влезе во долг пост без реализација. Вардар ја искористи ситуацијата, ја затегна одбраната и направи серија со која се одлепи на убедливи 8-3.

До полувремето домашниот состав целосно го презеде натпреварот и на пауза замина со 14-6.

Во продолжението Вардар продолжи во ист ритам и во 40. минута стигна до двоцифрена предност – 20-10. Неколку минути подоцна разликата достигна и максимални 13 гола, при резултат 26-13.

Охрид во финишот успеа да намали дел од негативата, но победникот одамна беше решен. Вардар рутински го приведе мечот до крај и славеше со 27-18.

Кај шампионот најефикасни беа Фадуил, Абделах и Љевар со по пет гола, додека кај Охрид Јошида постигна четири погодоци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!