Турнири

Познати групите за „Јосифовско лето 2026“ – спектаклот може да започне!

Сподели
Сподели

Со извлекувањето на ждребот официјално беа познати групите за 33. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Јосифовско лето 2026“, кој и ова лето ќе ги собере најдобрите екипи од сите краеви на Македонија. Турнирот со години важи за еден од најквалитетните и најпосетените во земјава, а интересот и годинава е огромен.

На турнирот ќе настапат 25 екипи, распределени во осум групи. Според пропозициите, првопласираните екипи од секоја група директно ќе обезбедат место во осминафиналето, додека второпласираните и третопласираните состави ќе играат бараж натпревари за преостанатите места во нокаут-фазата.

  • Ждребот ги донесе следните групи:

Група А: Црна Река – Возарци, Речо Аби – Калково и Мото Шпед Транспорт – Удово.

Група Б: Вила Клепало – Берово, Мал Ајакс – Штип и ВИМ Транс – Јосифово.

Група В: Украс Инг – Неготино, Barber Shop Marshall – Велес и Флорида – Валандово.

Група Г: Freight One – Радовиш, Зока Трејд – Неготино и КЕЛН – Миравци.

Група Д: Дивино – Босилово, Миравци и Маркет Нанчев – Негорци.

Група Ѓ: Еклер Транс – Пепелиште, Шутка 1 – Скопје и ФК Партизан.

Група Е: Алупласт Васил – Јосифово, ИТС Логистик – Струмица, MILD Home Store – Струмица и Црвена Ѕвезда – Јосифово.

Група Ж: Васфил Сонце Нова Маала – Струмица, Кафе Бар Проект – Јосифово и Екстра Комерц – Гевгелија.

Стартот на турнирот е закажан за понеделник, 3 август, кога ќе започнат возбудувањата на теренот, а љубителите на малиот фудбал повторно ќе имаат можност да уживаат во квалитетни натпревари и неизвесна борба за трофејот.

Спортска Мрежа и оваа година со гордост ќе биде медиумски покровител на турнирот „Јосифовско лето 2026“, носејќи ги сите најважни информации, резултати, фотографии и видеа од еден од најголемите летни спортски настани во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!