Втора лигаФудбал

Драган Паунов се раздели со Осогово: Секогаш сум играл со срце

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Еден од фудбалерите со најдолг стаж во Осогово, Драган Паунов се раздели со „жетварите“, со што 35-годишниот фудбалер ќе бара нова средина каде да ја продолжи кариерата.

Паунов во објава на социјалните мрежи истакна дека секогаш играл со срце за Осогово, притоа надополнувајќи дека матичен клуб може да биде еден.

„Дојде денот кога после една голема фудбалска ера со мојот матичен клуб се разделувам. Клуб што ми одзел повеќе отколку што ми дал. Но, секогаш сум играл со срце за него. Матичен клуб може да биде еден, овој текст го пишувам за мал број вистински поддржувачи што беа во клубот и во добро и во лошо. Да се заблагодарам на поддршката. Осогово ќе биде секогаш во моето срце. Аванти Осогово до некое подобро следно видување“, вели Драган Паунов со објава на социјалните мрежи.

Низ кариерата Паунов покрај за Осогово, настапуваше и за Слога од Виница, Каменица Саса, Гостивар и струмичка Тиверија.

Останува да видиме што ќе реши Паунов за следната сезона.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!