Останато

ВИДЕО: Team Carvalho Macedonia организираше стручен семинар во Радовиш со Наде Ристов: Ново знаење и искуство за младите спортисти

Сподели
Сподели



Во спортската сала на клубот за бразилско џиу-џицу Team Carvalho Macedonia од Радовиш под водство на Методија Зајков денес се одржа стручен семинар, на кој членовите на клубот имаа можност да стекнат нови знаења и да ги усовршат своите техники под водство на искусниот тренер Наде Ристов.

Гостин на семинарот беше прилепчанката Наде Ристов, носител на црн појас – 2 дан во џудо, која преку практични демонстрации и тренинг им го пренесе своето богато искуство на младите членови на радовишкиот клуб. Семинарот траеше околу два часа, а покрај теоретскиот дел, вклучуваше и практични вежби и борби, во кои учесниците имаа можност веднаш да ги применат новите техники.

Ристов е долгогодишен тренер во џудо, а токму поради големата поврзаност меѓу џудото и бразилското BJJ, на семинарот беше ставен акцент на техничките елементи, движењата, тактиката и искуствата кои можат успешно да се применат и во двата спорта.

Нејзината спортска приказна е добро позната во Радовиш. Заедно со својот сопруг Слаѓан Ристов, со години успешно го водеа џудо клубот Сенсеи, кој важеше за еден од најактивните клубови во градот и имаше голем број членови. Пред околу седум години семејството Ристов се пресели во Швајцарија, каде продолжи успешно да работи во областа на боречките спортови.



Денес, Наде Ристов е тренер во Judo Club Grenchen во Швајцарија, а престојот во Радовиш го искористи повторно да го сподели своето знаење со младите спортисти. Дел од членовите на Team Carvalho Macedonia веќе ја познаваа од претходните соработки, но овој пат, како поискусни и позрели натпреварувачи, имаа можност да совладаат нови техники и дополнително да ги надградат своите вештини.

Семинарот помина во одлична атмосфера, со многу работа, размена на искуства и позитивна енергија, а од клубот истакнуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина, со цел постојано унапредување на знаењето и развојот на нивните членови.

Воедно, од Team Carvalho Macedonia упатуваат покана до сите заинтересирани да станат дел од клубот. Секој кој сака да стане член на клубот или да добие повеќе информации може да контактира и на телефонскиот број  070 519 055Членството е целосно бесплатно, а клубот располага со сопствена спортска сала која обезбедува одлични услови за тренинг, подготовка и развој на сите љубители на бразилското џиу-џицу.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија во рамки на третото коло од Лигата на нации, а за...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД....

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен...

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!