ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на македонската репрезентација, искусниот Иван Стојановски – Шваба.

35-годишниот Стојановски во тимот од Јосифово доаѓа од редовите на велешки Кеги Моби, а низ неговата кариера го чуваше голот на Форца, Шкупи, Арбен Бајрами, Велес и Биџо, а меѓународна кариера градеше во Косово, каде настапуваше за тимот на Вјоса.

Проект втората фаза од подготовките ја реализира во СЦ „Истатов“ во Дојран, каде има одлични услови за работа. Инаку, македонскиот шампион веќе ги дозна и противниците за групата во ЛШ. Тимот од Јосифово ќе игра во исклучително силна група, каде за ривали ќе ги има шампионите на Словенија – Врхника, Австрија – Атлетик Грац и Израел – Макаби. Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат во периодот од 25 до 30 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!