Втора лигаФудбал

Спортска Мрежа најави, Охрид потврди: Дамјан Масевски ново засилување

Сподели
Сподели

Второлигашот Охрид го потврди трансферот на Дамјан Масевски, трансфер кој ексклузивно го најави Спортска Мрежа пред неколку дена.

Голгетерот Масевски во таборот на „рибарите“ доаѓа од редовите на Брегалница, каде настапуваше изминатата сезона, а со „сините“ од Штип обезбеди пласман во Прва лига.

Масевски низ својата кариера покрај за Брегалница, настапуваше и за Кадино, Тетекс, Силекс, Пелистер и Детонит Плачковица, а меѓу „рибарите“ е повратник, бидејќи и во минатото настапуваше во дресот на Охрид.

„Станува збор за борбен и амбициозен напаѓач кој секогаш го дава својот максимум на теренот. Веруваме дека со својот квалитет, желба за докажување и професионален однос ќе претставува значајно засилување за нашиот тим и ќе придонесе во остварувањето на клупските цели во претстојната сезона“, велат од клубот.

Охрид новата сезона ја отвара на домашен терен против екипата на Новаци.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!