ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Шкендија со две победи и без примен гол чекори кон следниот европски предизвик против Браво

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија успешно ја заврши својата задача во првото квалификациско коло од Конференциската лига, откако и на реваншот славеше над Европа од Гибралтар со 1-0 и со убедливи 6-0 во вкупниот резултат обезбеди место во следната рунда од натпреварувањето.

По убедливите 5-0 на првиот натпревар, тетовчани без поголем притисок го дочекаа реваншот во Скопје. Избраниците на стратегот на Шкендија имаа контрола врз играта во текот на целиот натпревар, но гостите успешно се бранеа и не дозволуваа многу чисти можности пред својот гол.

Во првото полувреме најдобрата шанса ја имаше Нзенгуе, кој не успеа да ја искористи грешката на противничкиот голман, додека Европа најчесто се закануваше со удари од далечина, кои без проблем ги неутрализираше Амзаи.

Во продолжението Шкендија продолжи да притиска, а најблиску до погодок беше Зејнулаи во 66. минута, кога неговиот удар заврши во пречката. Отпорот на гостите конечно беше скршен во 86. минута, кога Ване Крстевски по одлична индивидуална акција се избори за простор и со прецизен удар ја затресе мрежата за конечни 1-0.

Со новата победа, Шкендија го потврди квалитетот и без примен гол го мина првиот европски предизвик ова лето. Во второто квалификациско коло од Конференциската лига, македонскиот претставник ќе се соочи со словенечкиот Браво, а првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Прва лигаФудбал

Деветтото коло на ПМФЛ во три дена: Тиквеш – Брегалница во 12 часот, Башкими и Струга го затвораат колото

Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига се отвара во сабота во...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!