Прва лигаФудбал

Брегалница го задржува победничкиот костур – Калпачки и Хаџи-Кимов остануваат верни на „сините“

Сподели
Сподели



Прволигашот Брегалница продолжува со формирањето на играчкиот кадар за новата сезона, а раководството на клубот обезбеди уште две важни продолжувања на соработката. Во дресот на „сините“ и во сезоната 2026/2027 ќе настапуваат Давид Калпачки и Благој Хаџи-Кимов, фудбалери кои беа дел од шампионската генерација што ја врати Брегалница во елитата.

Давид Калпачки пристигна во Штип во јануари 2023 година и во изминатите години се покажа како едно од најуспешните засилувања на клубот. Пред две сезони беше најдобар стрелец на Брегалница, а и во минатата сезона повторно беше меѓу најефикасните играчи во тимот, давајќи голем придонес во освојувањето на шампионската титула во Втората македонска фудбалска лига и враќањето на клубот во Првата лига.

Зад 26-годишниот офанзивец стои богато искуство. Во Првата македонска фудбалска лига има 110 одиграни натпревари, 7.629 минути на теренот, четири постигнати голови и пет асистенции, додека во Втората лига на Словенија забележа 24 настапи и три асистенции. Покрај Брегалница, во кариерата настапуваше за Скопје, Беласица, Хоризонт Турново, а интернационално искуство стекна во словенечка Крка.

Продолжувањето на соработката со Благој Хаџи-Кимов е уште една потврда дека Брегалница сериозно смета на своите млади фудбалери. Дваесет и едногодишниот Хаџи-Кимов е производ на младинската школа на клубот и важи за еден од најперспективните фудбалери во штипскиот состав. Со своите добри партии во изминатата сезона заслужи нова доверба и ќе продолжи да го носи сино-белиот дрес.

Минатата сезона Брегалница ја освои шампионската титула во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди директен пласман во елитното друштво, па Штип и во новата сезона повторно ќе биде домаќин на прволигашки натпревари. Дерби дуелите во изминатата сезона се играа под рефлектори, а со новата трибина која веќе е во функција, градскиот стадион нуди одлични услови и за публиката и за одигрување натпревари во вечерен термин.

Брегалница претходно ги продолжи договорите и со капитенот Стефан Коцев, Ристе Темелков и Бојан Рајков, додека како прво летно засилување беше промовиран Мартин Стојанов, повратник во штипскиот клуб.



Според информациите на Спортска Мрежа, клубот интензивно работи на комплетирање на ростерот. Освен Мартин Стојанов, во Брегалница се врати и Дарко Стојанов од редовите на Кожуф, за што ексклузивно објави Спортска Мрежа, а веќе се договорени и уште неколку нови засилувања, што е јасен показател дека „сините“ сакаат максимално подготвени и засилени да ги дочекаат прволигашките предизвици.

Во следните денови се очекуваат нови официјални промоции, бидејќи раководството секојдневно ќе ги објавува потписите на фудбалерите кои остануваат во клубот, како и новите засилувања.

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига за Брегалница започнува на 25 јули со гостување кај актуелниот шампион Вардар, додека првиот домашен натпревар „сините“ ќе го одиграат во второто коло против Арсими.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!