Прва лигаФудбал

Брегалница го промовираше првото летно засилување – Мартин Стојанов се врати меѓу „сините“

Сподели
Сподели

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница, официјално го претстави своето прво летно засилување. Нов член на штипскиот клуб е искусниот 27-годишен офанзивец Мартин Стојанов, кој пристигнува од редовите на Тиквеш и повторно ќе го носи дресот на „сините“.

Стојанов добро ја познава средината во Штип, бидејќи и претходно беше дел од Брегалница. Во својата кариера настапуваше и за Кит Го од Пехчево, додека интернационално искуство стекна во Бугарија, каде го носеше дресот на Септември Софија. Воедно, тој е и поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Минатата сезона Брегалница ја освои шампионската титула во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди директен пласман во елитното друштво.

Клубот веќе е во тренажен процес и активно работи на комплетирање на играчкиот кадар за новите прволигашки предизвици.

Како што претходно ексклузивно објави Спортска Мрежа, Стојанов е само првото од повеќето планирани засилувања. Според информациите, во наредните денови Брегалница ќе ги промовира и останатите нови фудбалери, со кои ќе се формира конкурентен тим за настап во Првата македонска фудбалска лига.

Како што ексклузивно објави Спортска Мрежа, ново засилување на Брегалница е и искусниот дефанзивец Дарко Стојанов.

Новата сезона во македонската фудбалска елита започнува на 25 јули, а Брегалница ќе ја отвори со гостување кај актуелниот шампион Вардар.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но следниот предизвик бара ново докажување. Македонскиот шампион во среда, од 19...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата од 0:1 над Вардар во Скопје се доближи на само еден...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа,...

Втора лигаФудбал

Охрид прв, но Работнички има натпревар помалку: Трката за есенски шампион во ВМФЛ е неизвесна

Охрид го задржа првото место, Пелистер остана веднаш зад него, а Работнички...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!