Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Задоволен сум од желбата и енергијата што ја покажуваат девојките

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската јуниорска репрезентација на Македонија интензивно ги продолжува подготовките за Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 29 јули до 7 август ќе се одржи во Тулчеа, Романија.

По одиграните два контролни натпревари против Бугарија, стручниот штаб направи детална анализа на настапите, а следната проверка на националниот тим ќе биде против селекцијата на Косово.

Селекторот Виктор Петровски истакна дека е задоволен од посветеноста и односот на репрезентативките, но потенцира дека има уште работа за тимот да биде целосно подготвен за настапот на Европското првенство.

„Задоволен сум од желбата и енергијата што ја покажуваат девојките. Работат посветено, имаат одличен пристап и на секој тренинг влегуваат максимално мотивирани.

Контролните натпревари против Бугарија ни дадоа добра слика за моменталната форма на екипата. Забележавме многу позитивни работи, но и одредени сегменти кои треба да ги подобриме пред почетокот на Европското првенство. Иако во моментов не сме комплетни поради неколку повредени кошаркарки, подготовките се одвиваат според предвидениот план“, изјави Петровски.

Во следните денови репрезентацијата ќе продолжи со тренажниот процес, а селекторот се надева дека повредените Колева, Димитровски, Груевска и Милосављевиќ наскоро ќе се приклучат на тимот.

„Нè очекува уште еден контролен натпревар против Косово, кој ќе биде добра можност да го провериме напредокот, дополнително да ја подобриме играта и што е можно поподготвени да го дочекаме стартот на Европското првенство“, додаде Петровски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!