Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 се засили со Александар Стојков

Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со комплетирањето на играчкиот ростер за новата сезона во Супер лигата, а најново засилување на битолскиот состав е Александар Стојков.

Стојков, кој настапува на позициите десно крило и десен бек, ќе биде нов адут на тренерот Ангеловски во претстојниот шампионат. Со своето искуство стекнато во домашното првенство се очекува да придонесе за поголема конкуренција и квалитет во тимот.

Во досегашната кариера новиот ракометар на Еурофарм Пелистер 2 го носеше дресот на КЛ7, Алкалоид, Струга и Куманово, а сега својата кариера ја продолжува во Битола.

Со ангажманот на Стојков, Еурофарм Пелистер 2 прави уште еден чекор кон финализирањето на составот за новата сезона, во која клубот ќе се обиде да ги исполни своите натпреварувачки амбиции.

Од клубот му посакаа топло добредојде на Александар Стојков и многу успешни настапи во зелено-белиот дрес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!