Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските кошаркари У18 поразени и во вториот контролен дуел со Бугарија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката репрезентација на Македонија до 18 години го забележа и вториот пораз на контролните натпревари против соодветната селекција на Бугарија, кои викендов се одиграа во Ботевград. По поразот од 87:77 на првиот дуел, избраниците на селекторот загубија и на вториот меч, овојпат со резултат 85:75.

Македонските кошаркари одиграа добро во првото полувреме и на паузата заминаа со минимална предност од 42:41. Сепак, Бугарија беше подобар противник во продолжението, направи пресврт во третата четвртина и пред последните десет минути имаше водство од 54:49. Во завршницата домаќините ја задржаа контролата и ја зголемија предноста за конечни десет поени разлика.

Најефикасен во македонскиот состав беше Ѓорѓи Цветковски со 21 поен. Дамјан Стојановски додаде девет поени и пет скока, додека Григориј Ѓорѓевиќ натпреварот го заврши со осум поени и пет скока.

Двата контролни натпревари против Бугарија се дел од подготовките на македонската репрезентација за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ќе се одржи во Хрватска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!