Турнири

„Куклиш 2024“: Баламов Компани со ДЕСЕТ гола до највисока победа, утре нови возбудувања!

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни два од три натпреварит на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, откако не се одигра последниот меч меѓу Баламов Компани со Баджо Компани, со што тимот на Баламов Компани овој меч го добива со службени 3:0.

Првиот меч меѓу СВР Струмица и Фурна Марфи заврши без победник во регуларниот дел откако двете екипи ремизираа играјќи 2:2. За струмичкиот тим стрелци беа ФилипЗиламов и Серафимчо Тасев, додека пак за радовишкиот тим двоен стрелец беше Андреј Тимов.

Во вториот меч Баламов Компани со 10:0 го декласираше тимот на Куклиш во меч на тотална доминација каде Христијан Бејков постинга хет-трик, Кире Стојков даде два гола, а по еден гол постигнаа Иле Баламов, Оливер Маринковиќ, Крсте Тодоров и Марјан Ристовски.

Утре на програмата ќе бидат нови три натпревари од 19:00 часот меч на јуниорите на Куклиш генерација 2012 – 2013, од 20 часот ЕАМ Дзурдзу против Винарија Здравко, а од 21 часот Вистони ЖП против Дрвош.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТЕЛЕГРАМ КАНАЛ –КЛИКНИ ЗА ФУДБАЛСКА ДЕБАТА

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“...

Турнири

Џокер Фурна загуби од Клик Гевгелија на „Стојаково 2025“, Јанг Бојс кај јуниорите со висока победа!

Синоќа беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“,...

Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска...

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!